•  
  •  
  •  
Мени

Информативен настан на тема “Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап, спин- оф и Кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации

 На ден 06.03.2017 година во просториите на Скопскиот Саем се одржа информативен настан за за четвртиот повик за инструментите од Фондот за иновации и технолошки развој за: 

Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап, спин- оф и  Кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации”. На средбата беа поканети претставници од бизнис секторот при Скопскиот плански регион, како и претставници од образовните институции, коморите и граѓанските здруженија.

На работилницата претставниците од Фондот за иновации и технолошки развој,  ги образложија предизвиците со кои се соочува евалуационата комисија за анализа на пристигнатите апликации. Дополнително беше образложено каде апликантите треба најмногу да внимаваат при пополнувањето на апликацијата, беше презентирана буџетската рамка во рамките на апликацијата со цел апликантите да направат успешна апликација.

Согласно наметнатите теми од двете презентации, помеѓу присутните се разви дискусија околу можностите за финансирање како и административните препреки со кои се соочуваат иноваторите.