•  
  •  
  •  
Мени

Преку коучинг програма до значителен раст на бизнисот и презентација на платформа зa споделување на деловен простор

 На ден 28.11.2016 година во просториите на Скопскиот саем, Дипломатик сала, Бизнис центарот при Центарот за развој на Скопскиот саем организираше информативен настан на темa “Преку коучинг програма до значителен раст на бизнисот и презентација на платформа зa споделување на деловен простор”. Настанот беше организиран со финансиска поддршка од Програмата за развој на Обединетите Нации- УНДП. На средбата беа поканети претставници од бизнис секторот, општините од Скопскиот плански  регион, консултантни и граѓанскиот сектор.

Целта на средбата беше преку двата различни тематски приоритети, презентацијата на платформата за споделување на деловен простор како и претставување на коучинг алатки, да се даде можност на бизнис секторот преку различни пристапи да има можност за подобрување на нивните перформански.

Преку воведниот говор на Раководителката на Центарот за развој на Скопскиот плански регион, Розета Арсовска, беше истакнато дека треба да се следат новите трендови на пазарот, да се промовира креативноста  кои ги поттикнуваат  перформансите на компаниите. Г-ѓа Арсовска посочи на коучинг програмата како граница преку која се користат индивидуалните  способности и предности  за остварување на максимална ефикасност на компанијата.

Презентацијата на платформата за споделување на деловниот простор наиде на позитивна дискусија од присутните кои покажаа особен интерес за нејзино користење. Дискусијата отвори прашања и сугестии во насока на дополнување на веб страната со опции кои би им биле од помош на корисниците, и би им помагале во политиките на плаќањето.

Во вториот дел од средбата, г-дин Ристо Иванов, претседател на Здружението за бизниси и консултанти Креација беше спроведена интерактивна тимска игра, преку која беше презентирана целта на коучинг програмата. Беа презентирани практични примери со кои се подобриле перформансите и профитот на македонски компании кои извесен период биле активно вклучени во процесот на менторирање и користењето на поволностите од коучингот.

Во рамките на програмата која ја спроведиува Бизнис центарот при Центарот за развој на Скопскиот плански регион, во наредната година ќе се продолжи со спроведување на информативни настани  кои ќе допринесат кон развој и поддршка на малите и средните претпријатија  во Скопскиот регион.