•  
  •  
  •  
Мени

Известување за одржана работилница на тема “Презентација на стратешките цели од Регионалната Стратегија за иновациии и приоритетите за регионални иновации и иновативниот потенцијал на регионот”одржана

 На ден 18.10.2016 година во просториите на Скопскиот Саем се одржа работилница на тема “Презентација на стратешките цели од Регионалната Стратегија за иновациии и приоритетите за регионални иновации и иновативниот потенцијал на регионот”.На средбата беа поканети претставници од бизнис секторот при Скопскиот плански регион, како и претставници од образовните институции, коморите и граѓанските здруженија.

На работилницата проф. Др. Радмил Поленаковиќ од Машинскиот факултет-Скопје ги презентираше  стратешките цели од  Регионалната стратегија за иновации на Скопскиот плански регион.

Проферосот направи приказ на стратешките цели при што беа презентирани и планираните активности со кои би се зајакнал иновативниот потенцијал на регионот.

 На работилницата присуствуваше и претставник од Фондот за иновации и технолошки развој , при што беа образложени препреките и проблемите со кои се соочува евалуационата комисија за анализа на пристигнатите апликации.

Согласно наметнатите теми од двете презентации, помеѓу присутните се разви дискусија околу можностите за финансирање како и административните препреки со кои се соочуваат иноваторите.