•  
  •  
  •  
Мени

Презентација на финална верзија на Регионалнаta Стратегија за Иновации

 Во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен регионален економски развој во Македонија,  во организација на Бизнис Центарот при Центерот за развој на Скопски плански регион и ГИЗ LEIWW+ (Германско друштво за меѓународна соработка), на ден  14.09.2016 на Скопски саем, сала Дипломатик беше одржана Презентација на финалната верзија на Регионалната Стратегија за Иновации за дефинирање на приоритетите за регионални иновации и иновативниот потенцијал на регионот.

Добра стратегија промовира усогласување меѓу различните групи во рамките на регионот, ги разјаснува целите и приоритетите и помага да се фокусираат напорите околу нив. Поради тоа, основната задача на тимот при изготвување на Стратегијата беше преку серија од долгорочни и краткорочни цели, да ги дефинираат приоритетите за регионални иновации и иновативниот потенцијал на Скопскиот регион, имајќи во предвид погодностите што ги има Регионот, како и следењето на влијанието на иновациите врз економијата во Скопски плански регион.

Регионалната стратегија за иновации се подготвуваше и имплементираше со вклучување на претставници од приватниот сектор (стопански комори, кластери, бизнис асоцијации итн.) истражувачки и образовни институции, како и граѓанскиот сектор.

Проектот е поддржан од страна на  ГИЗ LEIWW+ (Германско друштво за меѓународна соработка) и Министерството за локална самоуправа.