•  
  •  
  •  
Мени

Форум за кадровски менаџмент

 Експерти, претставници на банките и менаџери на човечки ресурси на „Форумот за кадровски менаџмент“ кој се одржа на 11 и 12 ноември на Скопски саем, дискутираа за предизвиците и можностите за развој на компаниите и за вработениот кадар како клучен фактор за успех на компанијата.

Организатори на форумот беа Бизнис центарот на Скопски плански регион, Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и општина Аеродром.

Учесниците кои во текот на два дена беа над 87 имаа можност да проследат  презентации и да дебатираат на актуелни теми од кадровскиот менаџмент, како управување со таленти во услови на доверба, трендовите на пазарот на трудот во Македонија,  менаџирањето на вработените во време на организациски промени, , како да комуницираме поефективно и поефикасно, личниот развој на вработениот и коучингот, социјална интелигенција, справување со тешките карактери на работа, како и за реконструирањето на организацијата за воведување на систем на награди и унапредување на работни места.

- Поканети беа презентери од областа на кадровскиот менаџмент и човечките ресурси кои со своите експертизи, знаења и новите алатки што се применуваат во оваа областимаа можност да ги запознаат нашите слушатели, претежно малите и средни претпријатија, со тоа како да ја подобрат ефективноста на своите вработени, ефективноста во менаџирањето и како да постигнат поголема профитабилност на своите компании.

Извршниот директор на ССК Митко Алексов истакна дека квалитетното раководење на компанија и нејзиниот успех во голема мера зависи од кадровскиот менаџер, односно од правилното и квалитетно менаџирање со вработените во компанијата и од нивната професионална надградба, како и соодветна внатрешна организација на самата компанија.

- Добриот кадровски менаџмент во една компанија е двигател на напредокот и успехот на истата компанија. Преку личниот развој на вработените и коучингот, компанијата вложува и придонесува за својата зголемена профитабилност, рече Алексов.